Националната Иранска нафтена компанија (NIOC) и рускиот производител на гас Гаспром потпишаа меморандум за разбирање вреден околу 40 милијарди американски долари објави новинската агенција SHANA..
Договорот беше потпишан на виртуелна церемонија од извршните директори на двете компании, на денот кога рускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот во Техеран со своите колеги од Иран и Турција.
Гаспром ќе му помогне на НИОК во развојот на гасните полиња Киш и Северен Парс и шест нафтени полиња, пренесува SHANA. Руски Гаспром ќе биде вклучен и во завршувањето на изградбата на проектите за течен природен гас (ЛНГ) и изградбата на цевководи за извоз на гас.
Иран, по Русија, има втори по големина резерви на гас во светот, но американските санкции го спречија пристапот до технологијата и го забавија развојот на извозот на гас.
Испраќајќи јасна порака до Западот дека Русија ќе се обиде да ги зајакне врските со антизападниот Иран, Путин ќе се сретне со најмоќниот авторитет на Исламската Република, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ги посети Израел и Саудиска Арабија.
Посетата на Путин на Техеран внимателно се следи бидејќи руската инвазија на Украина сериозно го наруши глобалниот пазар на нафта, предизвикувајќи вртоглаво покачување на цените и придонесувајќи за зголемување на трошоците за живот и зголемување на инфлацијата.