Мицкоски: Нема промена на Устав, додека преговарачката рамка не биде променета

Од:

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека протоколот со кој Македонија ќе треба да исполнува бугарски желби, ја отвора вратата за преговори за Албанија, но не и за нашата држава. Според него, тој е дипломатски нокаут и капитулација. Тој посочи дека за почеток на преговорите ќе треба промена на Устав и вметнување на Бугарите, а тоа нема да се дозволи од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, Мицкоски смета дека ќе може да се промени преговарачката рамка, пред да биде усовена.

„Како дипломатски нокаут и капитулација. Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија, а ја подзатвори за Македонија. Како што Генчовска кажа, вистинската Меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку со промена на Уставот. А дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нема 2/3 власта во Парламентот. Генчовска даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик. Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам. Но во суштина зборуваме за дипломатски нокаут за Македонија. Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија“, кажа Мицкоски.

Тој тврди дека ќе останат на барањето да се промени Преговарачката рамка.

„Процесот за билатерални преговори со Бугарија и протоколи е еден процес, процесот за менување на Уставот е друг и трет е прифаќање на предлог преговарачката рамка. Тие три процеси не треба да ги поврзуваме еден со друг. Да бидам попрецизен, протоколот кој го потпиша Бујар Османи, ја отвори вратата за Албанија да ги почне преговорите, но не и за Македонија. За да ги почнеме преговорите, ќе треба да се промени Уставот, па да се свика Меѓувладина седница, па да биде усвоена преговарачката рамка. Дека нема да биде сменет Уставот, доказ се 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, плус пратениците на опозицијата. Преговарачката рамка не е усвоена, бараме да биде променета“, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

Мицкоски: Ако Филипче најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски