Билатералниот протокол ќе се објави утре по средбата на амбасадорите на земјите-членки во Брисел

Од:

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол кој беше еден од клучните документи за отворањето на преговорите со Европската Унија.

– Задоволството е големо што денес сме со министрите Маричиќ, Бочварски, Бектеши да бидеме на втората меѓувладина седница. Имавме конструктивни разговори каде што разговаравме за петте области преку пет работни групи. Од овој протокол се гледа дека е сработено доста. Сите групи создадоа меморандуми, проекти, рече Османи, но не откри кога ќе се објави протоколот.

Јавноста и денес нема да има можност да види што точно пишува во протоколот и што точно Македонија ќе отстапи во преговорите со Бугарија.

Бугарското национално радио објави дека содржината на протоколот ќе биде објавена во следните денови, најверојатно по утрешната средба на амбасадорите на ЕУ во Брисел.

„Познато е дека документот е на најмалку 10 страници и содржи конкретни мерки и рокови, особено расчистување на историските спорови меѓу Софија и Скопје. Во историската комисија има договори за Свети Наум, Свети Климент, Св. фигури и настани. Во 2024 година мора повторно да се договорат наставните програми, откако ќе се изјасни комисијата за историски прашања, Бугарите да се вклучат во Уставот на РСМ, да има рехабилитација на жртвите на југословенскиот режим и отворање на архивата на тајните служби“, соопшти бугарското радио.

Ова е втор протокол потпишан меѓу двете земји. Првиот протокол од првиот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија беше потпишан на 10 јуни 2019 година во Софија. Оттогаш, комисијата нема одржано никакви состаноци.

Според чл. 12 од Договорот за добрососедство од 2017 година, мешовитата меѓувладина комисија одржува редовни состаноци еднаш годишно со цел да се разгледа нејзината ефективна имплементација, да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка и да се решат прашањата кои произлегуваат при спроведувањето на Договорот.

Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во македонското Собрание и гласањето на заклучоците по информацијата од Владата за францускиот предлог во кој беше и овој документ.

Овој документ Османи и Генчовска го криеја две недели колку што траеја и протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на францускиот предлог и билатералниот протокол.

Би можело да ве интересира

Димовски: Владата немаше право да прифати обврска за промена на Уставот, тоа е исто како да го продавате имотот на вашиот сосед

A1on

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on