Фиат во САД го претстави отворениот модел 500C GQ Edition, чија купе верзија на европскиот пазар ќе биде претставена во март на Саемот на автомобили во Женева.
Специјалниот модел се разликува од стандардниот Фиат 500 по дизајнот на предниот дел од возилото, каде се истакнува голем отвор за воздух, како и специјално дизајнираните 16-инчни фелни.
Во задниот дел се сместени две големи издувни цевки. Фиат користи црна боја за истакнување на фаровите и третата врата, а на средишните носачи видливи е ознаката GQ Edition.
Покривот од ткаенина се придвижува со електомотор и може да се затвори при брзина од 96 километри на час и да се отвори при брзина до 80 километри на час. Во внатрешноста впечатлив е новиот трикрак управувач со црна кожа.
Автомобилот е придвижуван од 1,4 литарски Мулти Еар бензински турбо мотор што развива 160 коњски сили. 500C GQ Edition од 0 до 100 километри на час забрзува за нешто над 7 секунди.
Преносот на силата на предната оска се врши преку 5 степен рачен менувач. Фиат 500C GQ Edition ќе биде достапен во продажба на почетокот на идната година.