Поранешна водителка и новинарка е новата министерка за надворешни работи на Белгија

Од:

По повлекувањето на Софи Вилмес, на функцијата министер за надворешни работи на федералната белгиска влада е назначена поранешната водителка на вести, Хаџа Лабиб, јави дописничката на МИА од Брисел.

Хаџа Лабиб е долгогодишна новинарка, режисерка и водителка на вестите на јавниот сервис на француски јазик, РТБФ. Таа е назначена на местото на Софи Вилмес кака министерка за надворешни работи на Белгија, откако Вилмес се повлече од семејни причини.

Лабиб е познато лице во Белгија како водителка на централниот дневник на вестите на јавниот сервис и на емисија за култура на француско-германската телевизија, Арте. Таа беше дописничка во Авганистан пред да се врати во Белгија и да води вести.

Родена во 1970 година во семејство со потекло од Алжир, Лабиб ќе биде првата жена имигрант на оваа позиција во Белгија.

Таа изјави дека не се чувствува “ниту левичарка, ниту десничарка, туку слободна“, но сепак назначена е од страна на либералната партија МР која е десничарска партија.

На оваа позиција поранешната новинарка ќе биде одговорна за дипломатијата, европските прашања и меѓународната трговија на федерално ниво во Белгија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски