Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Серџо Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.

– Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“.

Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага