Во Тирана протест на албанските адвокати пред Високиот судски совет

Од:

Албанските адвокати денеска протестираа пред Високиот судски совет (ВСС) во знак на незадоволство од новата реорганизација на судството, со која се намалува бројот на судови во земјава.

„Не за судска мапа од агендата на Сорос за депопулација на Албанија“, „Адвокатите треба да протестираат пред Влада, Рама е вистинскиот шеф на ВСС и на секој суд“, се дел од паролите на протестот.

Во изјава за медиумите, првиот човек на Националната адвокатска комора, Максим Хаџиа, рече дека ќе се обратат до Уставниот суд како последен чекор за спротивставување на новата судска мапа.

-Изнесовме аргументи за да реорганизацијата биде остварлива и граѓаните да имаат пристап до правосудниот систем. Ние предложивме варијанти кои се остварливи. Ќе го испратиме до Уставен суд, тоа е последниот чекор, ние сме адвокати. Имаме законска рамка која се состои од законот за адвокати и ве уверувам дека секој чекор е во согласност со законската регулатива. Очекуваме, одаде, конечна реакција од Високиот судски совет, потоа следната патека е техничка за која целосно се залагаме, изјави Хаџиа.

Високиот судски совет, како највисок судски орган во земјата, одлучи да го намали бројот на првостепени судови од 22 на 13, на апелациските судови од шест на еден и на управните судови од шест на два.

Со оваа реорганизација практично значи дека адвокатите и нивните клиенти во некои ситуации ќе мора да одат во други градови на судења или во главниот град Тирана на Апелациски суд.

Во Албанија има над две илјади адвокати, кои веќе еден месец штрајкуваат и во просек неделно бојкотираа по 500 судски предмети.

Претставници на адвокатската комора вчера имаа средба со министерот за правда, Улси Мања, на која побараа одложување на оваа одлука на Советот, се до усвојувањето на новата административно-територијална поделба, но не добија позитивен одговор. Претходно и премиерот Еди Рама рече дека новата реорганизација на судството е завршена работа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он