Повеќе од 500 жени ja тужеа компанијата „Uber“ во САД поради обвинувања за сексуален напад од возачи.
Во тужбите се наведува дека „возачите на „Uber“ киднапирале, сексуално вознемирувале и малтретирале жени, ги силувале, насилно ги затворале, ги демнеле или на друг начин ги напаѓале“, пренесува Би-Би-Си.
Случајот ќе го разгледа Врховниот суд на округот Сан Франциско.
„Сексуалниот напад е ужасно злосторство и ние сериозно го сфаќаме секој извештај“, изјавиле од компанијата за Би-Би-Си.
Како што соопштиле од таму, нема ништо поважно од безбедноста, па затоа „Uber“ создаде нови безбедносни карактеристики, воспостави политики фокусирани на жртвите и стана потранспарентен за сериозни инциденти.
„Иако не можеме да коментираме за тековните судски спорови, ќе продолжиме да ја штитиме безбедноста на нашата работа“, додале од компанијата.