Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Од:

Со доделување на наградите и проекцијата на филмот „Нема да си сама“ на македонско – австралискиот режисер Горан Столевски, во 21 часот во МКЦ Парк, вечерва завршува 21-от Меѓународен фестивал на европски филм „Синадејс“.

Изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа проектирани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се само две, Официјалната селекција и СЕЕ селекцијата (South eastern Europe), за кои наградите ќе ги доделат две жири комисии во состав за официјална селекција: Марија Апчевска, Иева Норвилиена и Алфтед Холигхаус.
СЕЕ селекцијата: Ѓулин Устин, Дамјан Козоле и Диего Апарисио.

По доделувањето на наградите, следува првата европска фестивалска проекција на филмот „Нема да си сама“ на Столевски, кој стекна светската слава по премиерата на Фестивалот на независен филм „Санденс“ годинава.

Пред оваа проекција режисерот има особена возбуда за која вели:

„Фестивалските публики ми се омилените публики. „Нема да си сама“ како приказна е зачната токму тука во Скопје и многу ме радува што конечно ќе се прикаже на затворањето на Cinedays. Длабоко ме допреа страсните, емоционални реакции од публиката во Sundance. Со нетрпение и возбуда ги чекам овдешните“, вели Горан Столевски.

Филмот „Нема да сама“ е сместен во изолирано планинско село и раскажува за девојче грабнато од страна на древен дух и преобразено во вештерка. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива една селанка, па потоа го зазема нејзиниот облик за да живее во нејзината кожа. Љубопитноста и се разгорува, па продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек.

По проекцијата на филмот фестивалот следува ДЈ сет на актерот Оливер Митковски, со што и официјално ќе виде затворено годинешното 21 издание на Меѓународниот фестивал ан европски филм „Синадејс“.

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Отворање на Синедејс 2022 со македонската премиера на играниот филм „Мими“

Ана Ололовска

Загревање за Cinedays – Европско патувачко кино под отворено небо

Ана Ололовска

Почнува јубилејното 20-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS

Ана Ололовска