Реномираниот дипломат Зоран Дабиќ е суспендиран од МНР, затоа што се обратил на народниот протест пред Собранието против францускиот предлог.
Во Министерството за надворешни работи поведена е дисциплинска постапка за дипломатот и воедно претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, непосредно откако тој се обрати на еден од протестите што секој ден се одржуваат против „францускиот предлог“.
Зоран Дабиќ е поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој на протестот кажа дека најсикусните дипломати во МНР воопшто не го виделе Предлогот, а уште помалку биле консултирани за неговата содржина и последиците.