Во Албанија бројот на нови случаи со Ковид-19 бележи раст и во последното деноноќие, кога речиси секој втор тестиран е позитивен, јави дописничката на МИА од Тирана.
Според Министерството за здравство, направени се 3.353 тестови, при што вирусот е потврден кај 1.563 или 46,6 отсто од тестираните.
– Оваа ситуација доаѓа како дериват на новата подваријанта на Омикрон, БА5, која во моментов во Европа е присутна кај 64 отсто од случаите и тие се зголемуваат, заземајќи го местото на БА2 кое моментално е 18 и БА4 со 14 отсто од заразените, но БА5 ја презема доминацијата, изјави познатиот епидемиолог Илир Алимехмети.
Тој оцени дека засега нема место за паника, „иако секој втор тестиран е позитивен”, зашто бројот на заразени на кои им е неопходен болнички третман се уште е мал.
Според официјалната статистика, активни на болеста се 7.063 лица, од нив хоспитализирани се 30, поголемиот број невакцинирани или со примена само на една доза од антиковид вакцина.
Извор: МИА