ВИДЕО: Протестите продолжија, полициски сили кај Скендер Бег

Од:

Започна деветтиот по ред протест на опозицијата против францускиот предлог. Протестот е наречен „Ултиматум, не благодарам“. Нивното зборно место е пред зградата на Владата на Македонија. Протестантите и денеска со извици „Македонија, Македонија“, „Бујар Османи оди си од тука“ ја започнаа маршрутата која денеска преку Министерството надворешни работи ќе заврши пред Собранието.

-Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам, се вели во повикот за денешниот протест.

Спасовски, од своја страна, попладнево изјави дека не се знае кој точно ги организира протестите, како и дека ниту еден од досега одржаните собири не бил уредно пријавен.

„Би сакал уште еднаш да потсетам дека секој јавен собир (протест), согласно закон, мора да биде уредно пријавен. Притоа, освен известувањето за блокадите од 8.7.2022, кое беше доставено како акт до МВР истиот тој ден, иако според Законот за јавни собири треба да се достави најдоцна 48 часа пред почетокот на одржувањето, ниту еден од протестите во изминативе неколку денови не беше уредно најавен и пријавен, туку организацијата течеше преку социјалните мрежи, иницирана и водена од неколку политички партии“, рече Спасовски.

Министерот информира дека отсуството на организатор, односно неговото формално необзнанување не може да претставува алиби за насилството врз виталните објекти на државата и врз полициските службеници кои вршат службени дејства во заштита на безбедноста на граѓаните и институциите на системот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски