ВИДЕО: Македонка повредена во тешка сообраќајна несреќа кај Кукуш во која има две жртви

Од:

Македонска државјанка е повредена во сообараќајна несреќа во Грција во која има две жртви, а во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи, јавуваат грчките медиуми.

Двајца загинаа во нсреќата, а четворица се повредени. Сообраќајката се случила синоќа половина час пред полноќ.

Полициски автомобил се судрило со чопор диви свињи кои поминувале на автопатот. Во автомобилот патувале уште двајца полицајци на возраст од 44 и 36 години.

Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин на Северна Македонија со судрило со истото стадо, се превртело и паднало во нива. Во возилото била и 50-годишната Македонка која е повредена.

Третото возило, во кое патувале две лица на возраст од 53 и 48 години се судрило со полицискиот автомобил, при што животот го загубиле двајцата патници.

50-годишната државјанка на Северна Македонија и тројцата полициски службеници се задржани на лекување во Кукуш.

Би можело да ве интересира

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ