Во текот на денешниот ден продолжија активностите на грчките служби за потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција. Во потрагата се вклучени грчката крајбрежна стража и бројни локални волонтери, соопшти македонското МНР.
Во текот на вечерните часови, во Грција пристигна и мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј., пречекана од Генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција.
Последните информации од службите се дека потрагата ќе продолжи утре наутро, штом условите ќе го дозволат тоа, се вели во соопштението од македонското МНР.