Рајчева: Во Бугарија, од почетокот на руската инвазија на Украина, блокирани 50.000 ИП адреси од Русија и Белорусија

Од:

Од почетокот на конфликтот во Украина, блокирани се околу 50.000 ИП адреси и околу 500 домени од Русија и Белорусија, од кои се извршени обиди за хакерски напади во Бугарија, изјави заменик министерката за внатрешни работи на Бугарија, Тања Рајчева на неформалниот состанок на Советот „Правда и внатрешни работи“, кој се одржа денеска во Прага, соопшти прес-центарот на Министерството.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на национално ниво во Бугарија се прават активни напори за спротивставување на дезинформациите и лажните вести.

Рајчева ја потврди и подготвеноста на Бугарија за размена на информации, добри практики и соработка за конкретни прашања и како пример го посочи директниот контакт меѓу раководителите на специјализираните единици за борба против компјутерскиот криминал во Бугарија и Украина.
Тања Рајчева рече дека Бугарија ги поддржува сите акции на ЕУ и европските агенции со нивните аналитички производи и оперативен капацитет за зајакнување на оперативната соработка за поддршка на Украина и Молдавија во овој конфликт испровоциран од Русија.

Би можело да ве интересира

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио