Снимал селфи, па падна во кратерот на вулканот Везув

Од:

Американски турист се здобил со полесни повреди откако паднал во кратерот на Везув додека се обидувал да си го извади телефонот. 23-годишното момче и неговото семејство стигнаа до врвот на вулканот висок 1.281 метри што се издигнува над италијанскиот град Неапол, откако самите тргнале по патека недозволена за посетителите.

Младиот човек правел селфи, според извештаите на локалниот печат, кога телефонот му се лизнал од рака и паднал во кратерот на вулканот. Решил дека телефонот му е поважен од животот, па се обидел да се спушти внатре за да го пронајде, но по само неколку метри паднал откако изгубил рамнотежа и се превртел.

Водичите на Везув беа првите на местото на настанот и се спуштија во кратерот за да го извлечат. Полицијата излегла на местото на настанот и бил активиран планински спасувачки хеликоптер за да помогне во спасувачката операција. Мажот бил болнички третиран поради исеченици и модринки на рацете и грбот.

Туристот и неговите тројца роднини се соочуваат со обвиненија откако полицијата ги пријавила за „инвазија на јавно земјиште“. Групата, која наводно без билети стигнала до вулканот, тргнала по патека јасно означена како забранета бидејќи е крајно опасна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски