Новак Ѓоковиќ го освои седмиот трофеј на Вимблдон во неделата, со што официјално го надмина Роџер Федерер уште на една листа. Најпрвин го „собори“ рекордот по бројот на недели на врвот на АТП листата, а сега го престигна и по бројот на грен слем титули – Ѓоковиќ има 21, а Федерер 20, за кого е сигурно е дека со таа бројка ќе ја заврши кариерата.
Рафаел Надал, кој има 22 грен слем титули, се уште е понапред, а интересно е што Федерер му честиташе на Шпанецот со „долго писмо“ кога го престигна на Австралија Опен во јануари, додека во случајот со српскиот ас мудро молчи.
Тешко е да се поверува дека Роџер Федерер не го гледаше финалето на Вимблдон, турнирот на кој, како и Ѓоковиќ, седум пати го крена пехарот, но очигледно реши да молчи – барем јавно – за новиот успех на српскиот тенисер. Тој не му честиташе за победата на Вимблдон иако пред само неколку дена разговараа заедно на Централниот терен…
Тоа беше нивна прва средба по долго време, но се чини дека Федерер сепак претпочита да ја „негува“ врската со Надал, на кого му напиша долго писмо кога стигна на 21. Грен слем.
„Срдечни честитки до мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал што стана првиот човек кој ја освоил 21. Грен слем титула. Пред неколку месеци се пошегувавме дека и двајцата сме со патерици. Неверојатно. Никогаш не потценувајте голем шампион. Твојата неверојатна работна етика, посветеноста и борбениот дух се инспирација за мене и за безброј луѓе ширум светот. Горд сум што ја споделувам оваа ера со тебе и чест ми е што што имам улога да те туркаме да постигнеш повеќе и повеќе, исто како што направи ти со мене во последните 18 години… Сигурен сум дека ќе имаш повеќе достигнувања во иднина, но сега уживај во ова!“ напиша Федерер тогаш за Надал.
„Секогаш не заборавајте да му честитате на шампионот кој многу се жртвуваше за спортот. Честитки, Новак, за беспрекорниот турнир и триумф. Ти го заслужуваш тоа…“, напиша Циципас на својот Твитер профил.