Кога ќе излезат од затвор ќе бидат слаткари

Од:

Затворот „Римутака“ во Велингтон е пример дека осудениците можат во затвор да стекнат кулинарски вештини, кои ќе им помогнат полесно да ја отслужат затворската казна, но и подоцна поуспешно да се ресоцијализираат.


Над 30 затвореници годишно стекнуваат кулинарски квалификации во затворската кујна на „Римутака“, што подоцна може да им помогне полесно да најдат работа во рестораните ширум Нов Зеланд.


– Мислев дека рибата може да се подготви само на еден начин. Сега знам дека од една риба може да се направат пет видови јадење, вели осуденикот Пит.


Оваа година властите одлучија нивните кулинарски вештини по првпат да и ги прикажат на јавноста.


Еден од оние кои се приклучија кон програмата е Мартин Босли, чиј ресторан во 2007 година го понесе епитетот најдобар новозеландски ресторан, во кој сега шест затвореници се обучуваат девет месеци.


По обуката одржан е Велингтонски фестивал на храната, каде гостите можеа да уживаат во специјалитетите на затворениците.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ