Мицевски: Собранието мора да биде спремно да ги слушне и реакциите на граѓаните

Од:

На денешната координација свикана од Претседателот на Собранието Талат Џафери ние ќе присуствуваме со една единствена цел, а тоа е да ги повториме ставовите и барањата на нашата пратеничка група, порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој истакна дека „иако испративме писмо до Талат Џафери, за кое ја известивме и јавноста, се уште намаме никаков одговор за нашите барања и токму затоа денес истите барања ќе му ги соопштам лично на Џафери“.

„Бараме да се врати информацијата што ја испрати Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со еден ваков документ. Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за преговори помеѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник“ вели Мицевски.

Тој порача дека „Собранието мора да биде спремно да ги слушне и реакциите на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и сите други засегнати страни и да организира дебата и разгледување на овој предлог“.

„Мора да се даде време и на работните групи кои се формираа во Собранието, да ги разгледаат сите документи кои ги има Владата, но и сите можни предлози со цел овој процес да го направиме што е можно потранспарентен. Ваквото брзање може само да не доведе до слепа улица од која враќање назад нема“ е ставот на Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски