Градоначалничката на Касандра се фотографираше со топката која го спаси Иван

Од:

Градоначалничката на Касандра, Халкидики, на социјалните мрежи сподели фотографија од кожената топка која му го спасила животот на 30-годишниот Иван од Македонија кој цели 19 часа се борел против немирното море и големите бранови за да успее да остане на површината.

„Многу се радувам поради среќниот крај на младиот човек. Нашол топка која му го спасила животот бидејќи ја држел за да се одмори“, напиша таа во својата објава.

Претходно градоначалничката изјави дека момчето е во добра здравствена состојба. На патот кон болницата, тој и’ кажал дека топката му ја донел ветерот во морето, успеал да ја фатил и се држел за неа.

Голготата на младиот човек почна кога во саботата напладне тој на денот на својот роденден влегол во Егејското море со уште двајца свои пријатели, но силните морски струи ги повлекле во длабочината.

Неговиот 25-годишен пријател Васил беше спасен по кусо време благодарение на сурфер кој го забележал и се обидел да му помогне, но немоќен поради невремето ја упатил крајбрежната стража на местото.

Третото момче Мартин, се’ уште е исчезнато. Потрагата по него продолжува.

Би можело да ве интересира

Македонски турист е спасен во Грција

Горан Наумовски

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Забрането е пливање на популарна плажа во Пефкохори поради излевање на отпадни води

ВИДЕО: Серија силни земјотреси во Грција: Четири удари за само четири минути

Катерина Ѓуровски

Ако има големи гужви, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски