Принцот Алвалед бин Талал, саудиски милијардер, го отпушти познатиот кувајтски проповедник и мотивациски говорник, поради „екстремистички склоности“ и врски со Муслиманско братство.
Бин Талал рече дека Ал Сувајдан, кој има над 1,9 милиони следбеници на Твитер и е познат ширум арапскиот свет по своите предавања врзани за самоусовршување од исламска перспектива, се идентификувал себеси како еден од лидерите на Муслиманско братство за време на предавање во Јемен.
Бин Талал, меѓу другото, наведува во писмо дека постојано го предупредувал Сувајдан на политичките определувања.