Продолжува потрагата по двајцата исчезнати Македонци на Халкидики

Од:

Потрагата по двајцата македонски државјани кои вчера биле однесени од морските струи на плажата Мити на првиот крак Касандра на Халидики продолжува. Крајбрежната стража беше алармирана вчера попладне околу 18 часот дека три лица влегле во морето и се изгубиле од видно поле.

Силните струи во областа ги одвлечкале. Едното момче на возраст од 25 години беше спасено. Според информациите од грчите медиуми бил повлечен од сурфер. Тој е во болница.

И утрово се трага по двајцата исчезната. Во потрагата покрај бродови на грчката крајбрежна стража, вклучен е и хеликоптер на армијата како и рибарски бродови.

Тројцата пријатели вчера попладне правеле прослава и решиле да влезат во морето, по што биле однесени од силната струја.

Би можело да ве интересира

Прекинува потрагата по Мартин: Да почекаме морето да ја заврши работата и да ни го врати

Катерина Ѓуровски

Шорцови пронајдени во алги на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин

Ана Ололовска

Отворена сметка за донации за потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Горан Наумовски

Потрагата по Мартин Јовановски продолжува и утре

Горан Наумовски

МНР: Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Предраг Петровиќ

Исповед на 30-годишниот Иван кој беше спасен на Халкидики

Горан Наумовски