Скопјанец и арачиновец во камион криумчареле 87 мигранти

Од:

Скопјанец и арачиновец се уапсени ноќеска на автопат кај клучката Миравци откако во овизило „ивеко“ со приколка било откриено дека превезуваат 87 мигранти.

– Имено, околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија.
М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а по завршување на постапката лицата мигранти ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар информираат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него