Германскиот Парламент вчера ја изгласа владината одлука за испраќање војници во Мировната мисија на Европска Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа) и продолжување на мандатот на вооружените сили на Косово во рамките на КФОР за уште една година.
Пратениците од владејачката коалиција составена од Социјалдемократската партија (СДП), Зелените и Слободната демократска партија, гласаа за двете мисии.
Германија во следните 10 години ќе испраќа по 50 војници во ЕУФОР Алтеа во БиХ, а мандатот на 400 германски војници во Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) е продолжен за уште една година.
Германската арамија во Косово е уште од 1999 година, како дел од меѓународна мисија.
Мисијата на ЕУ ЕУФОР Алтеа е формирана во 2004 година за да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.
Извор: МИА