За време на првиот ден од музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, полицијата заплени повеќе од шест килограми дрога и поднесе кривични пријави против 34 лица за поседување наркотици.
Според Министерството за внатрешни работи на Србија, меѓу уапсените е и словенечкиот државјанин Б.Г. (52), а полицијата во станот во Нови Сад каде тој непријавено престојувал пронашла 4,1 килограм амфетамин, 602 грама марихуана, 44 грама кокаин и дигитална вага.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава за трговија со дрога ќе биде изведен пред вишиот јавен обвинител во Нови Сад.
На Петроварадинската тврдина и на други локации во градот полицијата кај 33 лица пронашла 1,1 килограм амфетамин, околу 85 грама марихуана, таблети „екстази“ и други психоактивни супстанци.