Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа пред Собранието на Македонија

Од:

Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка.

Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Хуманитарен работник e убиен во Иран, петмина се ранети

(ВИДЕО) Иранки палат цигари јавно од запалени фотографии од ајатолахот Али Хамнеи

Горан Наумовски