ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашниот инцидент е во режија на криминалната власт

Од:

„Вчера се случи класична полициска монтажа во режија на власта на СДСМ и ДУИ. Соочени со големиот револт на граѓаните, кој трае неколку денови, поради Предлогот кој предвидува асимилација на народот и понижување на Македонија, власта се реши да игра на карта на меѓуетнички тензии“ стои во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат вчера власта беше подготвена да дозволи убиство, со цел да си ги обезбеди фотелјите, функциите и криминалните тендери.

„Ова сценарио власта го најавуваше. Прво министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии, и ако не поминел предлогот кој опфаќа асимилација и бугаризација на Македонија. Ова е монструозниот план на власта. Оваа криминална власт сака да се одржи по секоја цена. Ова нема никаква етничка или политичка основа. Ова е класичен обид на криминалот да ја зачува својата комфорна позиција. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност да не подлегнуваат на провокациите на власта“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Рамо до рамо, СДС ќе биде поразена на купче од народот

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ не треба да бегаат од народот

Горан Наумовски

Андоновски: Страшен скандал ја тресе европската интеграција на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и сметките на фирмите со покачувањето на горивата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира и копира слогани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот