Притвор за тројцата осомничени за убиството во Струмица

Од:

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени за завчерашното убиство во Струмица синоќа им определи притвор во траење од 30 дена.​

​Основното јавно обвинителство од Струмица пак донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело убиство.

Во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени.

Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега почнатиот. Тој паднал на земја и починал на лице место. Кога членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат на оштетениот, осомничените и нив ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди – убодни рани со нож.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени синоќа им определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена