На насловните страници на британските медиуми денеска доминира ликот на премиерот Борис Џонсон, кој по низата оставки одбива да се повлече од функцијата.
Медиумите му порачуваат на Џонсон дека е време да поднесе оставка.
„Дејли мејл“ вчерашниот ден го опишува како „ден на избезумена драма“ за Џонсон, со „снежна бура од оставки“.
„Дејли Телеграф“ пишува дека Џонсон инсистира да се бори и покрај огромниот бунт.
„Гардијан“ го нарекува Џонсон заблуден очајник, кој се држи до власта.
ИЗвор: МИА