За утрешниот протест на албанската опозиција ангажирани над 1.200 полициски службеници

Од:

За безбедноста на протестот на опозицијата закажан за утревечер во 19 часот, пред владата, ќе бидат ангажирани над 1.200 полициски службеници.

Тие ќе бидат во кордони околу владата и други државни институции, додека припадниците на специјалната единица “Шќипоња” и на онаа за брзо распоредување ќе бидат позиционирани во близина.

Повеќе контролни групи ќе бидат стационирани на влезовите во Тирана. Ќе бидат контролирани возилата и патниците да не носат огнено оружје, тврди предмети и пиротехнички средства.

На протестот ќе бидат ангажирани и агентите од секторот за антитероризам , кои ќе ги надгледуваат лицата за кои постојат сомненија за можни терористички акти.

Влезната врата на владата и прозорците се покриени со пластифициран лим, со цел да се оневозможи учесниците во протестот да влезат во објектот.

Премиерот Еди Рама нема да биде во зградата. Тој претходно најави дека ќе биде во Валона на свеченост по повод завршување на инфраструктурен зафат.

Протестот што го организира Сали Бериша, поддржан и од дел од граѓанскиот сектор се одржува под мотото” Албанија во опасност- Не вели што ќе ми е мене”.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија