(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Од:

ВМРО-ДПМНЕ изнесе неколку идеи во однос на преговарачката рамка на средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници на која се разгледуваше францускиот предлог, но не и билатералниот протокол кој се уште не е дефиниран и потпишан со Бугарија.

Првата точка во која што ВМРО-ДПМНЕ интервенира е точка три од општиот став каде што бара реченицата „ЕУ ги зема во предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“ да се избрише.

– Ова го бараме затоа што сметаме дека македонскиот јазик е самостоен, независен и нема што Бугарија да дава мислење во однос на македонскиот јазик кој што ќе станува дел од документите на ЕУ. Значи велат јасна формулација за македонскиот јазик, ова е јасна формулација за македонски јазик, македонски јазик без никакви изјави – рече Николоски по средбата.

Втора работа која ја бара ВМРО-ДПМНЕ е во точка пет од преговарачката рамка да се брише последната алинеја, која што го вклучува договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според членот 12.

– Во точка пет се ставени критериумите според кои што Македонија ќе напредува за сите држави тоа се Копенхашките критериуми и договорите за стабилизација и асоцијација, само за Македонија се додаваат билатералните договори и специјално членот 12 во кој што е предвидено дека Бугарија ќе има контрола врз нашата историја, нашите учебници, нашето образование и нашата самоидентификација, тоа не можеме да го прифатиме и затоа бараме да се избрише.

Понатаму, во преговарачката рамка бараме во точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“ односно поедноставно кажано да нема поделба на првата меѓувладина конференција и да не се условува со промена на Уставот, туку веднаш да започнат преговорите – истакна Александар Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ.

– Следно што бараме да се избрише е точка 13 од преговарачката рамка која што исто така го дели преговарачкиот процес. И финално точка 14 од преговарачката рамка во која што пишува дека „во таа насока го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана согласно членот 12 од договорот за добрососедство со Бугарија, овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионална соработка кои што остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот од стабилизација и асоцијација“, предлагаме да се избрише условувањето со усвојување на протоколот и следни протоколи кои што би ги имала Македонија со Бугарија, затоа што тие протоколи се уценувачки за Македонија и во истите се бара ревизија на македонската историја, македонската култура и самобитност – рече Николоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ