Пoвредени 47 полицајци, СДСМ го осудува насилството на ВМРО ДПМНЕ и Левица и бара одговорност

Од:

Најостро го осудуваме синоќешното насилство на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица.Како што oбјави Министерството за внатрешни работи во синоќешното насилство повредени се 47 полицајци, а нанесена е штета и врз објектите на Вчадата, Собранието и Министерството за внатрешни работи велат од СДСМ.

– Јавноста синоќа сведочеше како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насилно да влезат во Собранието. Слични сцени се случуваа и на крвавиот четврток на 27 април 2017 и сите знаат што тоа значи. По синоќешните немири мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и поттикнувачите на насилството. Протестот е уставно загарантирано право, но насилството е кривично дело и одговорност за ова мора да понесат сите инволвирани. СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволи насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион