Францускиот првак Пари Сен Жермен го именува Кристоф Галтие за нов шеф на стручниот штаб. Еден час откако и официјално беше објавена разделбата со Маурисио Почетино, раководството на ПСЖ на прес-конференција го промовираше Кристоф Галтие.
„Ова е голема чест за мене, но истовремено и голем предизвик. Знаеме дека амбициите на клубот се големи, предизвикот е да се освои трофејот во Лигата на шампионите. Ќе имам чест да работам со дел од најдобрите светски фудбалери, но ние ќе треба да создадаме тим кој ќе има карактеристичен дух и победнички карактер“, изјави Галтие.
Тој доаѓа од редовите на Ница, а претходно со Лил ја освои шампионската титула во Франција откако беше подобар во трката токму од ПСЖ.
Извор: Топспорт