Џонсон: Верувам дека украинската армија може да ја врати одземената територија

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол дека верува оти украинската армија може да ја врати територијата освоена од руските сили, објави портпаролката на британскиот премиер.

Џонсон го информирал Зеленски за најновата британска воена опрема што ќе пристигне во Украина во наредните денови и недели.

Како што истакна портпаролката на британскиот премиер, опремата вклучува 10 самоодни артилериски системи и муниција.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа

Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата