Рама: На праг сме на големо откритие на гас и нафта

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска посочи дека компанијата „Шел” е блиску до многу важно откритие за гас и нафта во Албанија, што многу ќе влијае не само на иднината на таа земја, туку и на енергетската иднина на Европа, пренесуваат албанските медиуми.

-Полни сме со надеж дека наскоро ќе можеме да ја информираме јавноста во нашата земја и регионот, но и надвор од регионот, за едно многу важно откритие на кое работи „Шел” во нашата земја. Тие одбиваат да зборуваат за тоа, но има знаци дека сме блиску до многу важно откритие гас и нафта, рече Рама за време на неговата посета на Холандија.

Рама разговараше со претставници на холандски компании кои работат во Албанија и со други инвеститори заинтересирани за проширување на нивните активности.

Во мај 2019 година, компанијата “Шел” објави дека истражувањата во близина на градот Берат, во централна Албанија, ја потврдиле можноста за значително откритие нафта.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ