Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица.
Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста.
Video of Robert Crimo III arrest. "Do me a favor, get on your knees, get on your knees lay down flat on your stomach." https://t.co/mrVLkv6AEg pic.twitter.com/VtWBXFZbWN
— John Dodge (@dodgerman) July 5, 2022
Снимките од апсењето се направени од граќани кои биле сведоци, а кои исто така го препознале видеото кое полицијата објави дека го бара.
„Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште.
Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк.