ВИДЕО : Средба на претседателот Пендаровски со министрите за европски прашања на Ирска и Финска

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија. На средбата беа потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Oд стрaна на министрите беше истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, беше констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, беше поздравена одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

Орце Костов

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари