ВМРО-ДПМНЕ: Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците

Од:

Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран. Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на се, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно и се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија. Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ