ВИДЕО: Се урна алпски глечер, загинаа најмалку четворица планинари

Од:

Голем дел од алпски глечер се откина од врвот Мармолада во источните Доломити, се лизна надолу по планината и удри во повеќе од 10 планинари.

Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени, јави денеска италијанската државна телевизија.

Алпскиот национален спасувачки корпус на Твитер објави дека најмалку пет хеликоптери се вклучени во потрагата по повредените планинари, а ангажирани се и кучиња спасувачи, јавува АП, повикувајќи се на телевизијата РАИ.

Диспечерите за итни случаи во североисточна Италија објавија на Твитер дека се верува дека околу 15 планинари се во областа на несреќата, според АП.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага