Рафаел Надал без поголеми проблеми стигна до осминафиналето на Вимблдон, но мечот имаше „трето полувреме“.
Кон крајот на мечот, во третиот сет дојде до недоразбирање, Рафа го искара Лоренцо Сонега затоа што со силен извик го прославил поенот за брејк.
Дојде до расправија на мрежата кога се поздравуваа, Надал се обиде да му објасни на противникот како тоа не е во ред, а на Сонего тешко му падна сето тоа.
Конечно по натпреварот Сонего ја коментираше ситуацијата за италијанските медиуми.
„Понекогаш ми се случува да извикам силно на крајот од поен. Навистина не очекував дека ќе ме повика на мрежата. Такво нешто се случува на турнирите од трета категоеија, или меѓу ветераните, а не на Вимблдон. фер. Морам да признаам дека тоа ме вознемири и дека сум навреден од тоа“, рече Сонего.
Италијанецот изјави дека го прифатил извинувањето на шпанскиот тенисер.
“Ми кажа дека го изнервирал мојот извик. На крајот од мечот се извини, беше многу љубезен. Му кажав во тој момент дека тоа ме вознемири”, заклучи Сонего.