Светот е на прагот на турбулентен период поради сè потешкото снабдување со течен гас, предупреди директорот на британско-холандската компанија „Шел“, Бен ван Берден, оценувајќи дека Европа тешко ќе го замени рускиот гас, се наведува во извештајот на агенцијата Блумберг.
„Светот се соочува со недостиг на природен гас поради пречки во испораката од Русија во САД и силната побарувачка, поттикната од закрепнувањето на економијата од пандемската криза“, пишува Блумберг.
Во меѓувреме, Москва ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот „Северен поток 1“ во услови на зголемени тензии поради руската инвазија на Украина, а европските влади почнаа со подготовките за целосно прекинување на пратките од Русија, додава американската агенција.
Во извештајот се додава дека Европа се обидува да најде замена за рускиот гас и ги разгледува опциите за зголемен увоз на течен гас.
Шефот на Шел вели дека Европа увезува третина од својот гас од Русија преку гасоводот „Северен поток 1“.
Тој предупредува дека резервните капацитети се многу ниски, а побарувачката сè уште се опоравува.
„Кога тоа ќе се земе предвид, како и неизвесноста поради војната во Украина и санкциите кои би можеле да произлезат од неа, големи се шансите да ни претстои турбулентен период“, заклучува Берден.
Извор: МИА