Си: Хонгконг стана од пепелот

Од:

Хонгконг ги надмина своите предизвици и стана од пепелот, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг при посетата на градот.

Си заедно со сопругата Пенг Лијуан допатува во градот за да присуствува на одбележувањето на 25-годишнината од враќањето на поранешната британска колонија под власта на Пекинг и инаугурацијата на новиот градски водач Џон Ли.

Доаѓањето на Си со брз воз претставува негова прва посета на Хонгконг од 2017 година и прво патување надвор од континентална Кина во над две години поради епидемијата од коронавирусот.

– Хонгконг одново и одново издржа тешки тестови, совладувајќи ги предизвиците еден по еден, истакна тој за време на кусиот говор.

Тој додаде дека Хонгонг „по дождот и ветрот, стана од пепелот“.

Меѓу оние кои ги пречекаа Си и неговата сопруга, беше и лидерката на Хонгконг во заминување, Кери Лам, во друштво на својот сопруг.

Обезбедувањето на железничката станица беше строго, а полицијата вршеше проверки запирајќи и претресувајќи, имаше помош од кучиња трагачи.

Хонгконг ѝ е предаден на Кина на 1 јули 1997 година, по 156 години британско колонијално владеење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Бајден и Си се согласуваат: За употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Си Џинпинг: Кина е подготвена да шири мир заедно со Северна Кореја

Трамп: Кина нема да ме испровоцира бидејќи Си знае дека сум луд

Горан Наумовски