Ковачевски: Пратеник вчера снимаше пратеничка на 15 сантиметри од деколтето, не знам што ќе прави со снимката

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница посочи дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој не го именуваше, вчера ја снимал пратеничката Снежана Калеска – Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Ова го кажа на седницата за пратенички прашања, од каде постави прашање и што ќе и прави на снимката.

„Кревање на тензии не одговараат на никого. Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено во опозицијата. Само снимките ако се погледнат од вчерашниот ден, на кои претседателката на Законодавно-правната комисија од пратеник кој во моментов ми се смее со мобилен телефон ја снима на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе и прави на таа снимка“, кажа Ковачевски.

„А1он“ веќе објави дека хаос се случувало на седницата на Законодавно-правната комисија на која претседател е Снежана Калеска – Ванчева. Жестоки препукувања, кинење хартија, тропање, дерење имало до полноќ. Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува Калеска – Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он