ВМРО-ДПМНЕ: Народот го чувствува осиромашувањето и националното понижување, а во исто време го гледа дивеењето и насилството на власта

Од:

„Насилството на Арбр Адеми покажува дека нервозата во владеачката коалиција станува се поголемо. Но таквата нервоза нека си ја манифестираат по дома или на партиските состаноци, а не во собранието“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Да навредуваш, влечеш, гаѓаш со тврди предмети и да расфрлаш инвентар не доликува никаде, а најмалку во законодавниот дом.

За ова свое поведение Арбр Адеми треба да одговара пред Јавното обвинителство бидејќи со намера се обиде да нанесе тешки повреди на свој колега пратеник. Ако имаат доблест СДСМ и Ковачевски нема да се прават наивни и да релативизираат туку ќе побараат тргање на имунитетот на Арбр Адеми и одговорност.

Целата јавност го виде насилството на Адеми и тука не им поминуваат оправдувања за хибридни напади, странски служби или играње на национална карта. Адеми дивееше и тоа го виде секој.

Доколку пак на СДСМ и на ДУИ ваквите инциденти им се смислено сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста, и тогаш се лажат. Граѓаните ем ќе го запамтат дивеењето и примитивизмот на власта во Собранието, но во исто време ќе го чувствуваат осиромашувањето кое им се случува со двоцифрената инфлација и новото поскапување на струјата.

Граѓаните ќе ги памтат и испадите на Адеми и на Талат Џафери, ама и распродажбата на националните и државните интересеи која се прави на тајните преговори за протоколите кои треба да ги содржат сите бугарски барања.

Граѓаните гледаат со каква насилничка, неодговорна, ненародна и криминогена власт си имаат работа и затоа бараат промени. Тие промени ќе се случат на следните предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми