Парламентот на Еквадор, каде доминира опозицијата, не успеа да собере доволно гласови за импичмент на десничарскиот претседател Гиљермо Ласо, откако продолжија протестите на домородното население против високите трошоци за живот.
Предлогот доби 80 од потребните 92 гласа за Ласо да биде отстранет од должноста.
Седницата на Парламентот можеше да се следи на социјалните мрежи.
Извор: МИА