Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа го зема статичниот уредот со микрофон и стана пред потпретседателката на Комисијата за европски прашања, за да говори.
„Јас овде стојам бидејќи некој си поигрува со мојата приватност и моето право да седам од столче и да говорам. А не ми е овозможено, бидејќи треба постојано тука да трчам за да ја спречам заменик претседателката, професорка по право, овде да го силува правото и демократијата, да чита членови кои се однесуваат на пленарна седница“, кажа Дафина Стојановска.
Таа одби да седне на место се додека не се дозволи измена и дополнување на дневниот ред.
„Да не гледам и да заминам? Тоа е вашата желба? За да помине овој криминален закон. Засрамете се. Нека гледаат студентите, кои ги осакатувате“, рече Дафина Стојановска.
Потпретседателката Арта Биљали-Зендели ја замоли пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ да се седне на место.
„Ве молам, ве молам!“, рече Биљали-Зендели, а Стојановска и врати: „Немојте да ме молите помина вашето време за молење“.
Потпреседателката по само 20 минути, даде пауза на Комисијата.