Милошоски изненаден од агресивноста на Адеми: Почна да вика и пцуе, не сум го видел во вакво издание

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ објасни како се случил инцидентот на Комисијата за европски прашања. Арбер Адеми не дал процедурално обраќање на Халил Снопче, иако побарал збор. На ова реагирала Дафина Стојаноска и Антонијо Милошоски.

“Праша дали има некој за измени на дневниот ред, имаше пријавени. Тој не дозволи. Јас му реков дај ми збор, имам предлог за дополнување на дневен ред, како и заклучоци за Западен Балкан што изгледа не му се вклопуваше најверојатно. Почна да вика да се тргнеме, да пцуе. Не сум го видел во онакво издание, да тегне и трга. Целиот уред за говорење го скина, од тоа се расече, фрли со филџан кон мене но го удри Илми Азири. Потоа фрли со шише, не знам некого удри. Можеби бев метата но не ме удри посериозно”, објаснува Милошоски за “А1он”.

Арта Билјали го спречи и го убедија да не продолжи со насилтво, објаснува тој.

“Утре ќе ни доаѓаат пратеници од ЕП, не знам што да збори човек пред нив кога вака се однесува претседател на Комисија за европски прашања”, додава тој

Засега не се знае дали Адеми ќе заработи кривична пријава. Тоа ќе се знае по утрешната координација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

“Ќе консултираме повешти во таа област. Мое мислење е дека според она што се случи со Етичкиот кодекс со Џафери, гледам дека таа нњдопирливост е причина што си го дозволуваат ова” дододава Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брутална тепачка меѓу навивачи и полиција, запален автомобил, коњаницата ги растера демонстрантите

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Заедно пиеле, па го претепале до смрт – обвинение за двајца скопјани

Мајка и ќерка се истепале пред ресторан во Кавадарци