Грчката крајбрежна служба за 72 часа спречила над илјада бегалци и мигранти да влезат во Грција по морски пат

Од:

Во вкупно 24 случаи околу 1.130 бегалци и мигранти со чамци се обиделе да влезат во грчките територијални води во морските делови кај островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Родос, во периодот од петокот наутро до утрово, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека повеќе од половина, односно 16 од случаите биле во близина на островот Лезбос.

Во сите случаи патролните бордови на крајбрежната служба реагирале и по навременото откривање, ниту еден од чамците не навлегол во грчките територијални води, а патниците биле преземени од турската крајбрежна служба.

-Грчката крајбрежна служба во рамките на националните мерки што се спроведуваат за справување со миграцискиот притисок, ги презема сите соодветни мерки за ефикасно следење и заштита на поморските граници на Грција и на Европската Унија со решителност, почитување на меѓународното право, имајќи ја како примарна грижа заштитата на човечкиот живот на море што е највисока професионална и морална обврска на крајбрежната служба, пишува во соопштението од крајбрежната служба на Грција.

За конкретното прашање, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „Турција ни за момент не запре да го инструментализира прашањето со бегалците и мигрантите, во суштина непочитувајќи го договорот што го потпиша со ЕУ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос