Рама: Овој свет со затворени граници и врати ни дојде преку глава

Од:

На албанскиот премиер Еди Рама се чини не му минала лутината кон ЕУ. Тоа го покажа и на отворањето на Конгресот на Светската федерација за кревање тегови што се одржува во Тирана.

– Овој свет ни дојде преку глава со граници, со затворени врати, со визи, со сертификати, изјави Рама на синоќешното отворање на конференцијата.

Според него доколку некој посакува да земја каде не ну се потребни никакви визи, тогаш таа земја е Албанија.

-Вие сте дошле еднаш во оваа форма. Докажавме дека не сте направиле никаков терористички акт, ниту кривично дело, напротив вие сте прекрасни гости и може да дојдете кога ќе посакате на одмор. Нема потреба од визи, ниту од нешто друго. Дојдено ни е преку глава од овој свет со граници, со затворени врати, со визи и сертификати. Овдека нештата се едноставни. Кај нас пријателите се Бог, рече Рама.

На конференцијата учествуваат делегации од 150 земји од светот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви