Катар ќе биде домаќин на претстојните индиректни разговори меѓу Иран и САД, со посредство на Европската унија, за да се затворат преостанатите празнини во напорите да се спаси нуклеарниот договор од 2015 година.
„Иран го избра Катар за свој домаќин затоа што е наш пријател“, изјави Мохамед Маранди, советник за медиуми на иранскиот нуклеарен тим.
Иран претходно денеска објави дека оживувањето на договорот со светските сили зависи од Вашингтон. САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, по што Техеран почна да ги крши нуклеарните ограничувања.
Извор: МИА